Нов, шести маркет на „Агро Ели“: „Твој маркет за целото семејство“ (видео и фото)
Објавено: 18 април, 2026, во 13:02 часот
Велешката фирма, „Агро Ели“ – чија приоритетна дејност е производството на здрава храна од денеска на граѓаните од источната страна на градот на располагање им стави нов маркет. Во него освен добро познатата програма на македонскиот бренд „Кристал 1923“, масло за јадење, локум, алва, таан, зачини има и прехрамбени како и бројни производи на препознатливи домашни и странски фирми за широка потрошувачка.

На свеченото отворање на маркетот црвената лента беше пресечена од најмладите членови на семејството Лазови, сопственик на „Агро Ели“.
Во маркетот беа услужени и првите купувачи. На свеченото отворање голем број од производите имаа акциски цени.




Софија Лазова вели дека идејата за отворање на овој, најнов маркет, на „Агро Ели“ е со намера компанијата да биде поблиску до сопствените потрошувачи на источната страна на Велес кои досега пазаруваа од нивната продавница во централното градско поддрачје или на спротвниот брег на река Вардар.



Најновиот маркет на „Агро Ели“ е на површина од 150 м2. Работи двосменски од 07:00 до 20:30 часот од понеделник до сабота. Неработни денови се недела како и деновите во кои се одбележуваат државни празници.
Убавка Јаневска



