Ново улично осветлување во селата Иванковци, Мамутчево и Кумарино

Објавено на 10 април, 2025 во 11:17

Жителите на селата Иванковци, Мамутчево и Кумарино добија ново улично осветлување, откако во изминатиот период беше спроведена комплетна замена на постоечката мрежа.

Од Општина Велес соопштија дека во наредниот период продолжуваат активностите на терен за целосно заменување на старото со ново улично осветлување како и со отстранување на дефектите во мрежата.

Со тоа, новото осветлување ќе биде целосно функционално и ќе придонесе за поголема безбедност и подобрена видливост на улиците во вечерните часови.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.