(Обновено) Пожарникарите сеуште го гаснат пожарот пред Оризари,засега ЦУК нема информации од терен за локализирање на огнот
Пожарот којшто избувна вечерва на ридот спроти поранешна „Свилара“ поточно над патот кој води кон село Оризари е трет во текот на денот. Пожарникарите на ТППЕ Велес се сеуште на локацијата на која горат грмушки и сува трева, соопштија дежурните во РЦУК Велес.
Првиот пожар евидентиран во овој дел на општината избувнал денеска над гробишта во село Оризари каде гореле висока сува трева и нискастеблест жбунец. Потоа како втора локација на која се појавил пожар, евидентирана од страна на Регионален Центар за управување со кризи Велес, е во близина на поранешна „Порцеланка“. И таму интервенирале велешките пожарникари. Во борбата со огнената стихија се вклучиле и жителите на село Оризари.
Вечерва, за третиот пожар, на ридот од десна страна на патот од Велес кон Чашка граѓани на Велес пишуваат дека денеска активно, со заорување со трактори и друг помошен алат, во гаснењето се вклучило месното население на Оризари и помогнало на пожарникарите да спречат ширење на пожарите.
Од последно дадената инфорација на дежурниот службеник на Центар за управување со кризи Дума.мк беше информирана дека пожарникарите сеуште се наоѓаат на критичните места во Оризари. Исто така, службеникот информација најави за утре, рано наутро.
Убавка Јаневска