(Oбновено) Пронајден хероин кај велешанец, заврши во притвор
Полициски службеници на Отсек за недозволена трговија со дрога при Сектор за внатрешни работи Велес, на 5 јануари, годинава, околу 22:00 часот, ги лишиле од слобода А.И.(30), С.К.(26), двајцата од Велес и Б.С.(28) од Кавадарци.
„Имено, на наплатна станица „Сопот“, при контрола на патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од И.А., и со сопатници С.К. и Б.С. полициските службеници кај лицето С.К. пронашле и одзеле хероин. С.К бил задржан во полициска станица и известен бил јавен обвинител. По документирање на настанот, против С.К. е поднесена кривична пријава за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по член 215 од КЗ,“ соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
По наредба од Основен суд Велес, ден подоцна, 06 јануари, С.К бил спроведен во Казнено поправна установа Затвор Скопје во Скопје на издржување на изречена мерка притвор во траење од 30 дена.
За Дума.мк денеска од Основен суд Велес одговорија на прашањето за количината на дрога која била пронајдена кај притвореното лице.
„Количината на хероин откриена кај лицето С.К. изнесува 15,27 грама. Исто така, пронајдена е 190,94 грама мешавина од кофеин и парацетамол кои се користат како додаток во дрога за зголемување на нивната маса. Осомничениот е специјален повратник кој се наоѓал на условен отпуст за претходна осуда по ист член од КЗ,“ пишува во одговорот на Основен суд Велес.
Стефани Манева