Од големата пита на „Велешката питијада 2025“ собрани 12.053 денари – велешкиот Црвен крст подели хуманитарни пакети

Објавено на 27 октомври, 2025 во 14:04

Со поделбата на големата пита на овогодинешната „Велешка питијада 2025“ биле собрани вкупно 12.053 денари. Од Велешкиот Црвен крст информираат дека со овие средства се набавиле 12 хуманитарни пакети со основни прехранбени производи кои викендов биле поделени на семејства и лица кои живеат во социјален ризик.

– Хуманитарната помош е „Од граѓаните за граѓаните“. Велешани донираа и повторно покажаа хуманост и солидарност, што ни овозможува да помогнеме таму каде што е најпотребно, изјави Александра Илиевска од Црвен крст Велес.

При набавка на намирниците како и во целосната реализација на хуманитарната акција, поточно во доставувањето на пакетите до семејствата, учество земале тројца волонтери од Општинската организација Црвен крст Велес.

Инаку годинешната „џиновска“ пита беше во должина од 4м и 30цм и во неа содржеше 16кг. брашно, 26,5кг. тесто, 42кг. месо и 350 јајца.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.