Од вчера вечер до рано утринава пријавени четири сообраќајки и еден физички напад во СВР Велес

Вчера вечер, околу 19:30 часот во СВР Велес е пријавено било дека на делницата од автопатот Велес кон Неготино, поточно после клучка Велес, патничко возило „Фолксваген поло“ со српски национални ознаки, управувано од Т.С.(42) од Република Србија, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Т.С., констатирани во Општата болница Велес, по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобил нејзиниот малолетен сопатник од Република Србија. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
Час и половина подоцна, во Полициската станица Кавадарци пријава стигнала дека на регионалниот пат Кавадарци кон село Дреново, поточно пред крстосницата за Дреново, кавадаречко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од В.Д.(68) од село Сирково, општина Росоман и трактор „ИМТ“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Т.Б.(67) од село Дреново. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Општата Болница Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци.
Исто така, во СВР Велес, пријавено е дека околу 22:00 часот на делницата од автопатот А1, во правец од Велес кон Градско, пред клучката Градско, Е.М.Г.(53) од Република Бугарија, кој управувал мотоцикл „Сузуки ВЛР 1800“ со бугарски национални ознаки, изгубил контрола над моторот и паднал на коловозот. Во несреќата Е.М.Г. се здобил со тешки телесни поведи констатирани во Општата болница Велес. За настанот известен бил Судија на претходна постапка, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес.
Следниот настан, во Полициски билтен, е регистриран во 00:30 часот, кога полициски службеници од СВР Велес, го лишиле од слобода Б.М.(38) од Велес, по претходна пријава дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, физички ја нападнал неговата 35-годишна сопруга. Истиот задржан бил во полициска станица, известен бил Јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Последно што се случило во текот на вчерашната ноќ, поточно во раните утрински часови, денеска е дека во СВР Велес пријавено било околу 02:00 часот, на делницата од автопатот А1, во правец од Велес кон Скопје, односно пред приклучокот од Велес кон Скопје, патничко возило „Фолксваген тирок“, управувано од Ф.Ф.(32) од Република Косово, излетало надвор од коловоз. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговиот сопатник Ф.М.(25) од Република Косово, констатирани во Општата болница Велес, по што поради сериозноста на повреди биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. По насоки на надлежен ЈО извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
Дума.мк
