Оддадена државна и општинска почест на трагично загинатата велешанка Анита Кришан Лозановска

Објавено на 26 февруари, 2025 во 13:01

На вечното почивалиште на велешанката Анита Кришан Лозановска, во црква „Свети Спас“ денеска делегација на Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, Градоначалникот на Велес Марко Колев и делегација на Совет на Општина Велес положија цвеќе и оддадоа почит. На овој начин беше одбележана 21 годишнина од авионската несреќа во која Анита Кришан Лозановска заедно со осумчлената делегација што го придружуваше претседателот Борис Трајковски на меѓународна конференција во Мостар загинаа при уривањето на авионот со кој патуваа.

Авионската несреќа се случи на 26 февруари 2004 година во близина на местото Ротмиље, кај градот Мостар во Босна и Херцеговина.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.