Одржана дисеминациска обука за новите волонтери во велешки Црвен крст

Објавено на 15 јули, 2022 во 11:26

За новите десет волонтери коишто се пријавиле преку јавниот повик за волонтирање и како дел од годинешната летна програма во Црвен крст на РСМ – Општинска организација Велес била одржана дисеминациска обука.

-Кога е формирана организацијата, кои се принципите по кои работи и што значи црвениот крст. Сите овие прашања преку игра и презентација им беа одговорени на волонтерите. Истата ја одржа дисеминаторот Лина Ковачева, пишува во информацијата на велешки Црвен Крст.

Оттаму информираат дека повикот за нови волонтери се уште е отворен и сите заинтересирани можат да се пријат во Општинската организација на Црвен крст Велес која се наоѓа на ул. 8 – ми Септември бр.166А или на телефонските броеви 043/231-537 и 077/568-702 од 08:00 до 16:00 часот.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.