Омикрон вирусот засега не влегол во велешките училишта

Објавено на 2 февруари, 2022 во 15:28

Нема болни ковид ученици во велешко. Сите 6.393 ученици во основните и средни училишта во Велес вчера, започнаа со настава во второто полугодие во учебната 2021/22 година. Наставата продолжи по продолжениот 10 дневен зимски распуст како последица на пандемијата со коронавирусот, информираа од службата за образование на Општина Велес.

Учениците во седумте основни заедно со подрачните и четирите средни општински училишта наставата ја продолжуваат со физичко присуство и почитување на протоколите за заштита од коронавирусот. Односно секој ученик носи маска за време на наставата и седи на два метри растојание од својот соученик.

Општината и училиштата ги следат препораките на Главниот координативен кризен штаб и ќе продолжат да постапуваат по нивните насоки доколку се појават проблеми поврзани со инфективното заболување меѓу учениците.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.