Општина Чашка со парите од Унгарски кредит ќе гради два капитални објекти

Објавено: 21 јули, 2025, во 15:43 часот

Изградба на прва фаза од објектот Дом на култура во населба Чашка и комплетно детска градинка во село Мелница се двата капитални објекти за коишто Општина Чашка обезбеди финансиските средства преку Влада од Унгарски кредит. Тоа се два проекти кои општината ги имала целосно подготвени, со обезбедена техничка документација. Во вкупна финансиска поддршка што и е одобрена во висина од 66 милиони денари се наоѓаат уште реконструкции на дел од патот кон село Папарадиште, поточно од излезот на селото во должина од 2 км кон патот за село Ореше и за 1,8 км од патот кон Ораов Дол како и за реконструкција на 560 метри од улицата „8-ми Септември“ во населба Чашка.

Тоа се два проекти кои општината ги имала целосно подготвени, со обезбедена техничка документација во изминатите години и со кои одлучи да конкурира на повикот од Владата за финансирање на проекти од страна на општините.

Фото:Архива на Дума.мк

„ Целиме како и досега, со реализација на овие проекти да ја подобриме патната инфраструктура, да го унапредуваме развојот на децата и на младите, да обезбедима поддршка на семејствата преку создавање на подобри можности за иднината преку живот во руралните средини како и развој на културниот живот во нашата општина. Сите проекти со кои конкурираме се студиозно и посветено работени со години и така ќе продолжиме се со цел да се подобри квалитетот на живот на нашите граѓани во сите населени места во општина Чашка, рече градоначалникот Горан Стојановски.

Општина Чашка, на првиот повик кој беше објавен минатата година конкурираше и доби 20 милиони денари, за изградба на капитален објект „Спортска сала во село Горно Јаболчиште“. Салата до крајот на оваа година треба да биде целосно завршена и пуштена во употреба.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.