Општина Кавадарци додели 35 милиони денари за спортски клубови и здруженија
Објавено на 14 мај, 2025 во 10:01

Општина Кавадарци распределила 35 милиони денари финансиска поддршка за спортски клубови и здруженија на локално ниво, во рамки на програмата за активностите за спорт и млади за 2025 година.
На вчерашната средба со градоначалникот Митко Јанчев, претставници на спортските организации и здруженија беа информирани за деталите од распределбата. Меѓу најголемите корисници на средствата се Градскиот фудбалски клуб Тиквеш 1930, кој ќе добие девет милиони денари, и Градскиот ракометен клуб Тиквеш 2014, со поддршка од десет милиони денари.
Градоначалникот најави и натамошни активности насочени кон развојот на спортската инфраструктура и поддршка на младинските иницијативи.
Дума.мк
