Општината пак ја заборави „Речани“, советникот Николов на седница на Совет побара една а доби бетонирање на дел од улица за жителите на оваа велешка населба

Објавено: 21 јули, 2025, во 14:18 часот

Советот на Општина Велес денеска ја одржува 66 седница на чиј дневен ред се најдоа измените и дополнувањата на годишните програми за 2025 со цел да се вклопат и добиените поправки и реконструкции на улици во Велес со финансиската помош на Владата преку обезбедениот Унгарски кредит. Во расправата на 25 точка, измени и дополнувања на Програма за активности на општината во областа на градеѓно уредување на инсистирање на советникот Марјанчо Николов, Советот прифати Градоначалникот Марко Колев со амандман да овозможи барем бетонирање на една до две улици во  велешката населба „Речани“.

Иако повеќе пати досега Николов ја потенцираше состојбата во која живеат граѓаните во оваа населба, без канализациона и водоводна мрежа, без пат и без доволно улично осветлување кое не било променето ниту со актуелниот проект што се реализираше во Велес.

„Сакам да го изразам своето незадоволство што во оваа Програма нема ниту еден проект за населба речани. Предлагам да ја прекинеме седницата и градоначалникот да поднесе Амандман барем една улица да се изгради и во оваа населба, за што предлагам тоа да биде улица „Др Панче Васков“ или „Димитрија Андонов Папрадишки“ за да покажеме дека и тие граѓани кои живеат во тој дел од градот, плаќаат даноци на општинава како сите други имаат право нешто да им се направи. Во изминативе 12 години, најмалку. Можам да зборувам и за други потреби но најприотетен е тротоар на главната улица. Образложението дека улицата е регионален пат не држи бидејќи во населба Превалец се поставуваат рабници на исто така главна улица која што е регионален пат. Тоа значи дека ако се сака се може интервенција и на регионален пат, рече Николов.

Седницата на Совет беше прекината за да се направи амандманска интервенција од страна на градоначалникот Колев но наместо цела жителите на „Речани“ добија реконструкција на дел од улицата „Др Панче Васков“.

Овие граѓани, чиј број се движи најмалку 1.000 во над 200 домови постојано од општината бараат да им изгради водоводна и канализациона мрежа, улици и да ги осветли во населбата во која изградија нови куќи.

Убавка Јаневска  

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.