Осмомартовско изненадување на жени на повеќе локации во Велес (фото)
Жените вработени во гостилница „БОЕМ“ коишто се вклучени во секоја организирана хумана и донаторска акција и го подготвуваат топлиот ручек за социјално ранливите семејства и повозрасните граѓани, беа избрани од страна на младите на Фондација „Фокус“ и добија честитка и рачно изработена ружа по повод 8-ми март, Денот на жената. Тие насмеани, изненадени и среќни внимателно ги слушаа четворицата преставници на клубот коишто им се заблагодарија за нивната хуманост.
Потоа, младите на „Фокус“ заедно со активистите и волонтерите на Младински центар во Велес не ги заборавија ниту вработените во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ кадешто се наоѓаат и просториите на Младински центар Велес. Во медијатеката на билиотеката, вработените возбудени и со заблагодарување ги примија честитките а на рацете им беа врзани рачно изработените ружи.
Исто така, волонтерите на Младински центар останатите цветовите за на рака изработени од хартиени салфетки на работилница организирана во Младинскиот центар, одлучија да ги поделат на повеќе девојки и жени низ велешките улици. Тие им посакаа среќа, успех и убав осмомартовски ден додека граѓанките со насмевка им се заблагодарија за приреденото внимание.
Драги читателки на Дума.мк, Ви посакуваме да бидете здрави, успешни и борбени. Честит 8-ми март!
Стефани Манева