„Outdoor Фестивал АЗОТ 2026“ домаќин на над 200 велосипедисти, 50 планинари и еден атлетичар во планинско трчање (фото)
Објавено: 15 јули, 2026, во 14:04 часот
Сите учесници на годинешниот Фестивал, чиј организатор е велосипедско здружение „Велес Бајкинг“, учествуваа на АЗОТ HIKING 2026 тура која е планинарска тура со посета на изворите на Бабуна, на велосипедска тура АЗОТ 2026 мтб предизвик на патеката долга 40,9км со елевација од 1399м и на рекреативната велосипедска тура АЗОТ 2026 мтб предизвик која е долга 34.4 km со елевација од +1,054 m.По оваа патека трчаше и единствениот учесник атлетичар од Велес.



-За прв пат во коорганизација со Македонската Асоцијација на Велосипедски здруженија и клубови се одржа и „цикло крос“ трка во неколку категории како и uphill race во категорија на роад/ асфалтен и планински велосипедизам. Покрај овие активности првата вечер се одржа и голем рок концерт со настап не бендот WHITE WALL од Скопје. На овој настан се појавија најголемиот број од здруженијата, членки на МААВЗК – Македонска Асоцијација на Аматерски Велосипедски Здруженија и Клубови, неколку планинарски клубови од цела Македонија, рече Зоран Јаневски претседател на „Велес бајкинг“.


Настанот годинава прерасна во интернационален затоа што беше домаќин на тројца учесници од Елбасан во Албанија, од Љубљана во Словенија и Солун во Грција како и неколку странски државјани со работен престој во Македонија.

АЗОТ 2026 мтб Предизвик преставува најголемиот outdoor festival во Р. Македонија и истовремено е најголемиот туристички промотор на целиот регион АЗОТ. Фестивалот финансиски го поддржаа Општина Чашка, Општина Велес и неколку Македонски општестевено одговорни компании.
Убавка Јаневска


