Овој викенд градскиот базен во Велес нема да работи
Објавено: 19 август, 2022, во 11:40 часот
Поради редовна интервенција за хлорирање на водата, овој викенд, поточно, 19, 20 и 21 август, градскиот базен во Велес ќе биде привремено затворен за посетителите.
– Имајќи во предвид дека за интервенцијата се потребни неколку дена, базенот повторно ќе биде отворен во понеделник, 22 август 2022 година, пишува во соопштението.
Од јавното претпријатие „Парк –спорт и Паркинзи“ Велес им се заблагодаруваат на граѓаните за разбирањето.
Стефани Манева


