Коџабашиев: ВМРО ДПМНЕ предвидвиде вкупно 167 проекти и мерки за подобар живот на граѓаните
Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ во изминативе години секогаш се водела од девизата Република Македонија да биде земја во која се пружаат можности и шанси за сите па затоа се посветивме на пензионерите, невработените, лицата во социјален ризик, самохраните родители како и за децата без родители и родителска грижа, рече на денешната прес конференција кандидатот за пратеник на ВМРО ДПМНЕ во тројката, Ѓорги Коџабашиев.
– Во изборната програма „Реално“ предвидени се вкупно 167 проекти и мерки за подобар живот и услови на овие категории на граѓани. Во следниот мандат, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зголеми пензиите за 10,25% и тоа 5% со исплатата на пензијата во септември 2018 година и 5% со исплатата на пензијата во септември 2020 година. Со оваа мерка и понатаму продолжуваме да го подобруваме животниот стандард на пензионерите и да водиме вистинска грижа за нашите највозрасни граѓани, рече Коџабашиев.
Според него во наредниот мандат ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со реализација и надградба на постојни крупни проекти и ќе воведе нови проекти кои треба значително да ја намалат сиромаштијата и ќе обезбедат подобар стандард за ранливите категории на граѓани. Исто така ќе продолжи залагањето со конкретни мерки за интеграција на децата без родители во делот на трајно решавање на нивната егзистенција по полнолетството и домувањето, како и поддршка на нивната потреба за образование и усовршување./Д.С