Пет години на „Вики клуб“ Велес, велешките Википедијанци преведоа над 7.000 статии на Македонски јазик и закачија над 200 фотографии на „Википедија“ (фото и видео)

Објавено на 20 февруари, 2025 во 17:37

Ученици од општински основни училишта, наставници по Македонски јазик и неколку локални институции се најзаслужни што Википедија на Македонски јазик има статии кои волонтерски ги подготвија преку „Вики клуб“ Велес. Како дел од клубовите на Википедија, велешкиот е помеѓу најактивните а неговите членови треба да се пофалени за постигнатите резултати. Како за преведените текстови така и за создадените статии но и за објавените фотографии и личности кои се значајни за Велес. Најголемиот дел од авторите и членови на „Вики клуб“ заедно го прославија пет годишниот роденден и малиот јубилеј со големи резултати.

Претседателката на „Вики клуб“, Лили Арсова  освен што ги соопшти резултатите издвои и што ќе работи „Вики клуб“ во наредниот период.

Волонтерската работа и ангажман на велешкиот тим на Википедијанци беше причина да бидат наградени.

На петгодишнината на „Вики клуб“ Велес присутна беше и извршната директорка на Викимедија на Македонија, Снежана Штрковска со своите соработници од Скопје.

Омасовувањето и привлекувањето на нови членови во семејството на Википедија на Македонски јазик е врвен приоритет за коишто и Арсова како и сите останати ќе се залагаат се до 50 роденден. Тоа е нивната роденденска желба. И треба да им се исполни.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.