Пет полнолетни лица и три малолетници од забава на „Бабуна“ завршија во Полициска станица Велес
Поради откриени наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, лишија од слобода, вчера вечер, помеѓу 22:00 часот и рано утринава, 01:30 часот, петмина скопјани, еден прилепчанец и уште три малолетници кои присуствувале на забава во излетничко место река Бабуна кај Велес. Сите биле гости на забава.
„Лишени од слобода се Т.Ѓ.(29), Ф.Ј.(30) и Ф.Ѓ.(29) сите од Скопје, М.Н.(22) од Прилеп, Н.А.(23), И.С.(28) двете од Скопје и тројца малолетници. При полицискиот преглед кај приведените лицата биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, зелена тревкаста материја, бела грутчеста материја, таблети и други предмети. Исто така, при преземање на службените дејствија, Т.Ѓ. се однесувал агресивно и ги спречувал полициските службеници,“ соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес .
За случката известен бил Јавен обвинител. Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случаите против сите лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Убавка Јаневска