Пет тимови на средношколци од Велес во трката за 1.000.000 денари, да им дадеме глас и поддршка!
Објавено: 8 ноември, 2025, во 13:18 часот
Средношколци од четирите средни училишта во градот уште еднаш докажаа дека младоста е најголемата сила на Велес. Нивните креативни и иновативни идеи се избрани меѓу Топ 53 најдобри во Македонија во рамки на националниот натпревар „Средношколец милионер“, кој го организираат Brainster Next College и NU академиите за талентирани средношколци.
Од вкупно 438 поднесени бизнис идеи, токму велешките средношколци, успеаја да се издвојат со својата оригиналност, труд и претприемачки дух и сега се на чекор поблиску до големата награда од 1.000.000 денари.
Затоа, да ги поддржиме нашите млади велешани со глас кој ќе ги донесе поблику до главната награда:
Wearly – тим NexTwo на средношколците Мартина Терзијовска и Марко Самараков
Бизнис идеа: „Паметна мода која ја спојува технологијата и стилот“.
Гласајте за нив тука.
Nex$tep Finance – тим КешКидс на средношколците Стефан Поповски, Ивана Милошев, Ангела Здравковкса, Димитри Кочов, Лука Панов и Марија Михајлова
Апликација што им помага на младите да научат како да штедат и да управуваат со пари.
Гласајте за нив тука.
EduVerse – проект на Јована Левкова
Идеа: Виртуелна реалност во учењето – учење што не се заборава.
Гласај за нејзината идеја тука.
EduLink – тим LinkLabs на средношколците Андреј Бошковски, Лука Андреев и Ангел Димов
Платформа што ги поврзува учениците и наставниците во еден дигитален свет.
Гласајте за нивната идеја тука.
StreetSafe – тим LightTheWay на средношколците Кристијан Трајковски, Тијана Павлова, Сара Јорданова и Дора Димова
Идеја која се грижи за безбедноста на младите во сообраќајот.
Гласајте за нивната идеја тука.
Секој глас значи поддршка за младите умови кои ја градат иднината на Велес и на целата земја.
Велешани можете да гласате за повеќе идеи истовремено (можете да ги поддржите сите средношколски тимови од Велес) но, само со еден глас по идеја!
Да им помогнеме на овие млади и талентирани надежи и наши претставници да стигнат до финалето и да покажеме дека Велес стои зад своите таленти.
Убавка Јаневска


