Петта седница на Совет на Општина Велес
Советот на Општина Велес денеска ја одржува петта седница, на којашто за работа е предложен дневен ред со вкупно 18 точки.
1. Советнички прашања.
2. Предлог-одлука за доделување на гробно место на Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа Велес.
3. Предлог-одлука за усвојување Стратегија за Локален економски развој на Општина Велес 2021- 2025год.
4. Предлог-одлука за утврдување Предлог за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Велес, Општина Градско, Општина Лозово, Општина Росоман и Општина Демир Капија.
5. Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на уредувањето на градежното земјиште во 2022 година.
6. Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на урбанистичкото планирање во 2022 година.
7. Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и управувањето со кризи во 2022 година.
8. Предлог -програма за активностите на Општина Велес во областа на Локалниот економски развој и Евроинтеграциите во 2022 година.
9. Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на информатичката технологија во 2022 година.
10. Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата на животната средина во 2022 година.
11. Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на јавната чистота и јавното зеленило во 2022 година.
12. Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на културата и меѓународната соработка во 2022 година.
13. Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на образованието во 2022 година.
14. Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на социјалната заштита во 2022 година.
15. Предлог -програма за активностите на Општина Велес во областа на здравствената заштита во 2022 година.
16. Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на спортот во 2022 година.
17. Предлог-програма за активностите на Oпштина Велес за поддршката на младите во 2022 година.
18. Предлог-програма за активностите на Општина Велес за поддршката на граѓанскиот сектор во 2022 година.
Пред започнување со работа, претседателот на Советот на Општина Велес Зоран Љутков, на членовите на Советот им предлага и презентација на спроведените активности во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети – фаза на имплементација“, која ќе биде спроведена од страна на преставник на Програма за развој на Обединетите нации – УНДП и преставник од партнерот во овој проект – Здружението на финансиските работници.
Стефани Манева