Пијан Велешанец со автомобил, рано утрово, се забил во канделабра

Објавено: 1 јануари, 2026, во 13:58 часот

Полициски службеници на СВР Велес утрово, во 04:55 часот, го лишиле од слобода З.Ј.(29) од Велес.

„ Претходно, на улица „Димитар Влахов“ во Велес, тој со патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во метална канделабра. При преземање мерки во врска со незгодата, констатирано е дека го управувал возило под дејство на алкохол, односно дека има 1,66 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“,соопшти портпаролката Ана Милевска Георгиева.

Убавка Јаневска

.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.