Пијан возач со 2,09 промили алкохол во крвта возел низ Велес, полицијата го санкционирала
Објавено: 22 декември, 2025, во 12:45 часот
Полициски службеници на СВР Велес го лишија од слобода Г.Т.(49) од Велес, вчера вечер, околу 23:50 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Велес.
„При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „хјундаи“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,09 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Убавка Јаневска


