Почина маж на улица во Велес, му се слошило додека се шетал со сопругата

Објавено: 3 февруари, 2026, во 12:39 часот
Фото: Архива

Шеесет годишн маж додека бил на прошетка со сопругата му се слошило и паднал на коловозот на улица кај кружен тек Авона. Медицинскиот тим на Итна помош не можел да му помогне туку само да констатира смрт.

-Пациентот го затекнавме веќе починат иако по приемот на телефонскиот повик во 11:10 часот веднаш се упативме кон посочената локација. Направивме реанимација но беше без успех. Станува збор за маж на 60 години кој имал повеќе коморбидитети меѓу кои и срцеви. Констатиравме дека смртта е настаната без траги на насилство, соопшти д-р Елена Коцевска од Итна помош на Здравствен дом Велес.

Како што дознава Дума.мк починатиот маж е со потекло од Велес но бил исселеник во Соединети американски држави. Тој со сопругата биле во посета на родното место. Сектор за внатрешни работи Велес направил увид и излегол јавен обвинител. Не е издаден наредба за обдукција. Јавниот обвинител одлучил телото на упокоениот маж да му биде предадено на семејството.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.