Почина жена од коронавирус во Велес
Објавено на 14 октомври, 2021 во 18:12
Починатата е на 75 годишна возраст. Денеска во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани 54 пациенти , од кои 36 се потврдени позитивни, седум се сомнителни и 11 пациенти имаат негативен резултати на тестови но се задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 24 пациенти.
Најголем број од болнички згрижените пациенти се на Инфективно одделение поточно 30, Во Модуларна болница се лекуваат 13 додека на Интерно одделение 11 пациенти.
Денеска од велешка болница испишани се седум пациенти, како оздравени, со по еден негативен тест.
Убавка Јаневска