Почина жена од Ковид-19 во велешка болница
Објавено на 11 ноември, 2021 во 10:50
Жената била на осумдесет годишна возраст од Велес, позитивна на Ковид-19 со пневмониа.
Во ЈЗУ Општа болница Велес во моментов хоспитализирани се 58 ковид пациенти од нив 42 се потврдени позитивни, пет пациенти се сомнителни и 13 пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-Во текот на денешниот ден примени се пет пациенти на Инфективно одделение, соопшти портпаролката на велешка болница, д-р Елена Левкова Ќулумова.
На континуирана кислородна поддршка се 27 ковид пациенти од кои 14 на Инфективно одделение, четворица на Интерно одделение и девет пациенти во Модуларна болница.
Во велешка болница на Инфективно одделение има 23 слободни болнички кревети и во Модуларна болница 21.
Стефани Манева