Почина жена од Ковид-19 во велешка болница
Објавено на 21 март, 2022 во 10:38
Пациентката била од Кавадарци, на седумдесет и едно годишна возраст со ковид пневмонија.
-Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани седум пациенти од кои двајца се потврдени позитивни, еден пациент е сомнителен и четворица се со негативен тест но задржани на болничко лекување, соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова, портпаролка на велешка болница.
Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат четворица пациенти и на Интерно Б одделение тројца пациенти.
Стефани Манева