Починати двајца пациенти од Ковид-19 во Општа болница Велес
Објавено на 26 октомври, 2021 во 13:06
Почината е жена на седумдесет и седум годишна возраст, позитивна на корона вирусот и лекувана на Инфективно одделение како и маж на седумдесет и пет годишна возраст, лекуван во Модуларна болница, двајцата од Велес.
Во велешка болница хоспитализирани се 48 ковид пациенти од кои 38 се потврдени позитивни, четворица се сомнителни и шест пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-На кислородна поддршка се вкупно 23 пациенти, соопшти портпаролката на ЈЗУ Општа болница Велес, д-р Елена Левкова Ќулумова.
Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 21, на Интерно одделение четворица пациенти и во Модуларна болница 23 ковид пациенти.
Стефани Манева