Поголема поддршка од заедницата и државата, освен од граѓанските организации и личните асистенти, за лицата со попречености – Национална конференција во Велес (видео)

Објавено на 3 март, 2025 во 17:03

Не се поразлични од останатите затоашто и меѓу нив, жените и девојките со попречености, има ликовни уметнички, поетеси, физиотерапевти и работнички. Тоа се личности со афинитети да бидат корисни како за семејствата така и за заедницата во којашто се родиле, живеат, работат и творат. На сите потребна им е само малку поголема самодоверба како и силна поддршка од заедницата покрај таа што ја добиваат од личните асистенти, со што ќе им покаже дека сите заедно сме посилни.

Oва може да биде заклучок од панелот на тема „Способноста и достигнувањата на жени и девојки со попреченост“ во кој панелисти беа Роза Мојсовска, ликовен уметник, Беира Салифовска, специјален едукатор и рехабилитатор, физеотерапевт и Валентина Тасева , специјален едукатор  и рехабилитатор на ЗГ „Порака“ од Неготино со која модерираше Огнен Јанески.

 „Потребно е само да ги запрашаме дали навистина се рамноправни со нас, затоашто во нив постои сила, неискористено знаење, креација а природата е совршен креатор и умее да надомести нешто онаму кадешто недостига“, одговори претседателката на Македонија Гордана Силјановска Давкова на новинарските прашања, по завршувањето на  Национална конференција за положбата на жените и девојките со попречености која во Велес ја организираше Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености.

Претседателката Далиборка Златева ја отвори конференцијата велејќи:

Претседателката на Македонија, Гордана Силјановска Давкова и во официјалниот дел на отворањето на конференцијата потенцираше дека започнала да работи на јакнење на свеста на граѓаните за предизвиците со кои се соочуваат и дека се завзема за потребите на лицата со попречености пред Владата и министерствата.

„Сите заедно, центалните и локалните институции, треба заедно да ги слушаат лицата со попречености за да добијат одговори дали политиките коишто ги креираме се во вистинска насока за задоволување на потребите и решавање на предизвиците со кои се соочуваат,“ рече на конференцијата министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани.

На Конференцијата присуствуваа и се обратија евроамбасадорот Михалис Рокас и Н.Е Ами Ларсон Јаин, Амбасадорка на Шведска.

Во рамките на втората панел дискусија Лилјана Јоноска, Извршна директорка на Рурална Коалиција Кичево, Христина Марковска, негувателка во Социјална сервисна услуга и Маја Николовска координаторка на Социјална сервисна услуга на Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености од Велес со модераторот Огнен Јанески ги дебатираапредизвиците за „Економско јакнење на руралните жени преку вклучување на пазарот на трудот“. Тие и покрај големиот број на вклучени жени во давањето на сервисни услуги на лицата со попречености  ја истакнаа колебливоста на руралните жени која воглавно е изразена при носењето на одлуката дали од земјоделки и домаќинки во своите семејства да се вработат и остварат економска независност токму како негователки во овие социјални служби.

Конференцијата „Заедно сме посилни“ ја реализираше Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености од Велес проектно поддржана од шведската фондација „Квина“ поточно „Жена во жена“.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.