Полицијата ги „фаќа“ а граѓани продолжуваат да возат без или со одземена возачка дозвола

Објавено: 18 април, 2026, во 14:31 часот

Неготинецот Љ.Д (59) години, вчера напладне,  возел патничко возило „форд“ со неготински регистарски ознаки, на улица „Партизанска“ во Неготино со забрана впишана во возачка дозвола. Го запреле полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Неготино и по констатираниот прекршок поточно впишана забрана за управување на моторно возило од Б Категорија го лишиле од слобода.

Вториот случај бил откриен во Велес, ноќеска, 35 минути по полноќ, кога полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес при сообраќајна контрола на улица „Благој Ѓорев“ во Велес сопреле патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С. и по преземени мерки и извршени проверки констатирале дека возилото го управувал без положен возачки испит.

„По насоки од јавен обвинител двете лица биле приведени во полициска станица, возилата биле одземени и по документирање на настаните против Љ.Д и А.С ќе бидат поднесени соодветни пријави,“ соопшти Ана Милевска Георгиева портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.