Полицијата казни 16 возачи коишто не пропуштале пешаци на територија на СВР Велес

Објавено: 28 јануари, 2022, во 09:48 часот

Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, во текот на вчерашниот ден, за три часа презеле вкупно 16 мерки против возачи кои не давале предност, односно првенство на пешаци.

– Во рамките на овие активности биле откриени и санкционирани и 11 други видови сообраќајни прекршоци, кои биле заокружени со соодветни поднесоци, стои во соопштението на Министерство за внатрешни работи.

Сектор за внатрешни работи Велес и во наредниот период ќе продолжи со вакви активности. Се апелира до сите учесници во сообраќајот секогаш да ги пропуштаат пешаците и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.