Полицијата во Велес кај Кавадарчанец нашла дрога, го привела во станица
Полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес, вчера вечер, го лишиле од слобода М.К.(39) од Кавадарци по претходни оперативни сознанија и преземени мерки за пронаоѓање и фаќање на сторители на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
-Вчера вечер, околу 21:.00 часот, во Велес, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „фиат пунто“ со валандовски регистарски ознаки, во кое биле три лица, во момент кога го напуштиле возилото. Откако не застанале на дадена наредба, полициски службеник од службен пиштол испукал еден предупредувачки куршум во воздух, по што М.К. бил фатен и кај него било пронајдено и одземено поголемо најлонско пакување со неидентификувана зелена тревкаста материја, соопшти Биљана Ѓаковска потпаролка на СВР Велес.
Потоа триесет и девет годишкиот М.К. бил однесен и задржан во Полициска станица Велес. Известен бил Јавен обвинител. Полицијата информира дека по документирање на настанот против М.К ќе биде поднесена соодветна пријава.
Убавка Јаневска