„Посети 50 места во Македонија“ нова велосипедско туристичка приказна на ЗГ„Велес бајкинг“
Отворите го штотуку подигнатиот веб портал https://visit50placeinnorthmacednia.com/ разгледајте, прочитајте и изберете една од исто толку предложени интересни туристички дестинации во државата. Тие во изминатите седум месеци се маркирани, снимени, фотографирани и раскажани од членовите на Здружението на граѓани „Велес бајкинг“, како дел од истоимен проект.
Велосипедистите до туристичките дестинации стигнале откако извозиле, со автомобил 5.000 км и со велосипед 3.000 км, за да се подготви 2 илјади минути видео материјал и 3 илјади фотографии. Четири од вкупно 50 препорачани туристички дестинации се наоѓаат на територијата на општина Велес, рече Зоран Јаневски претседател на ЗГ„Велес бајкинг“.
Најголем дел од туристички дестинации, во моментов, го немаат знакот на „атрактивни локации“. Затоа нивната туристичка промоција ќе има за цел да предизвика домашни и особено странски туристи. Да ги раскажува педесетте приказни за извонредната македонска убавина додека се вози велосипед, во Република Словачка и во поголем дел од земјите на ЕУ, вети почесниот член на ова здружение Н.Е. Хенрик Маркуш, Амбасадор на Република Словачка во Северна Македонија. Тој вчера вечер на промоцијата за завршување на проектот доброволно се пријави.
Велосипедистите веруваат дека во наредните години, штом ги понудат на тур операторите, овие 50 локации ќе прераснат во интересни дестинации затоа што за стигнување до нив ќе се организираат тури со планински велосипедизам, со планинарење, со алпинизам, со гестрономски туризам, со црковен и со манастирски туризам како и со алтернативен туризам.
ЗГ„Велес бајкинг“ подготви и промотивно видео. Видео материјалот како и веб порталот се промовираат на youtube каналот и на Instagram профилот на граѓанското здружение, за да бидат по достапни како за домашните така и за странските туристи, заедно со првите 50 препорачани туристички дестинации во Македонија.
Убавка Јаневска