Потврдена условната едногодишна казна на негувателката во велешката детска градинка

Апелациониот суд Скопје ја потврди првостепената Пресудата на Основен суд Велес, од 25 јануари, годинава, со којашто обвинетата триесет и девет годишна В.И од Велес беше огласена за виновна за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ од чл.353 став 5 в.в. ст1 од Кривичниот Законик.
Обвинетата В.И условно осудена е на едногодишна затворска казна која нема да се изврши доколку таа во времетраење од три години не стори ново кривично дело, пишува во јавно објавеното соопштение на Основен суд Велес.
Исто така, на обвинетата В.И од Велес изречена и е казна „Забрана за вршење на професијата, неговател во траење од пет години сметано од правосилноста на пресудата.
Настанот се случи минатата година во месец септември. Родители на деца во првиот клон на велешката детска градинка „Димче Мирчев“, во населба Дворови, реагираа и раскажуваа дека негователката им дала да ја пробаат нејзината електронска цигара во занималната на објектот.
Убавка Јаневска
