Повреден маж во сообраќајка на автопат кај „Пуста Кула“
Објавено на 2 февруари, 2022 во 10:54
Здравствената состојба на повредениот 32 годишен возач од сообраќајната незгода којашто се случи вчеравечер околу 19:00 часот, е стабилна. По укажаната лекарска помош што повредениот ја добил во велешка болница кога му биле направени повеќе здравствени прегледи, хирурзите констатирале дека тој се здобил со лесни телесни повреди и треба да биде пуштен на домашно лекување.
Сообраќајната незгода била пријавена во Итна медицинска помош во 19:10 часот. Се случила на автопатот Велес – Скопје на место викано „Пуста Кула“. На лице место интервенирала екипа на Итна медицинска помош којашто извршила мобилизација и транспорт на повредениот маж во ЈЗУ Општа болница Велес.
Стефани Манева