Повреден велешанец во сообраќајка на пешачки премин кај Авона, пренесен од велешка болница во Ургентен центар во Скопје
Објавено: 30 јануари, 2026, во 21:36 часот
Маж на возраст од 31 година е удрен од автомобил, денеска, на пешачки премин кај Авона, денеска, околу 15 часот. Веднаш интервенирала екипа на Итна помош која по ударот велешанецот го затекнала со повреди на главата.
-Констатирана е контузија на глава, пациентот се жалел на болки во пределот на задниот дел на главата. Укажана му е прва здравствена помош од лекар и медицинска сестра. Тој бил мобилизиран и транспортиран на Ургентен центар во Општа болница Велес, рече д-р Жарко Манасков, лекар по Општа медицина во Итна помош на Здравствен дом во Велес.
По направените рентген снимања и дополнителни прегледи не биле констатирани други повреди, поточно скршеници, освен повредите на главата поточно потрес на мозок за коишто потпаролот на Општа болница Велес, др Ванчо Граматов специјалист по хирушки болести рече дека биле причина да биде задржан на болничко лекување поточно опсервација. Поради неопходни допрецизирања на дијагнозата сепак пациентот е транспортиран во Ургентен центар на скопските клиники.
-Во моментов кога ви ја давам изјавата според последните информации на дежурните лекари на Хирушко одделение пациентот е пренесен во Клинички центар Скопје каде е на снимање на Магнетна резонанса бидејќи не можеше да биде снимен на Компјутерскиот томограф, кој не работи во велешка болница, поради дефект. Резултатите од снимањето ќе покажат дали ќе остане на лекување во скопскиот Ургентен центар, додаде д-р Граматов.
Убавка Јаневска


