Повредена жена, странска државјанка, во сообраќајка на регионален пат село Богомила – село Извор

Објавено на 27 октомври, 2025 во 12:11

Четириесет и осум годишната Б.Н од Чешка се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајната несреќа што вчера се случила помеѓу патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Т.(33) од Велес и мотоцикл „хонда“, управуван од повредената жена на регионалниот пат  село Богомила–крстосница за село Извор, во општина Чашка. Странската државјанка е пренесена во Општа болница Велес.

-Пациентката примена е ургентно и направени се сите медицински прегледи и рентгенски снимања. Дежурен тим од лекари специјалисти ги разгледале резултатите според кои кај пациентката е констатирана скршеница на потколеница. Таа е задржана на опсервација и натамошен третман на Оддел за ортопедија во Општа болница Велес, рече спец. хирург д-р Ванчо Граматов, портпарол на велешка болница.

Според Сектор за внатрешни работи Велес сообраќајката се случила вчера, недела, 26 октомври околу 14:00 часот. Извршен е увид на лице местото од Увидна екипа на велешки Сектор за внатрешни работи.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.