Повредената жена на унгарскиот моторциклист, што загина во тунел Катланово, се опоравува
Објавено на 27 јуни, 2023 во 17:01
Жената е хоспитализирана на Хирушко одделение во Општа болница Велес. Унгарката нема посериозни повреди. Иако првично таа се жалела на болки на едната нога и рака спедијалистите хирурзи утврдиле само нагмеченици додека нејзиниот сопруг, вчера попладне, загина во сообраќајна несреќа што се случи во тунел Катланово, потврди др Елена Левкова Ќулумова портпаролка на ЈЗУ Општа болница Велес. .
Несреќата се случила околу 16:50 часот. На местото на сообраќајката интервенирала екипа на Итна медицинска помош. Лекар констатирал смрт кај унгарскиот државјанин. Неговата сопруга со возило на Итна помош била префрлена на Хирушко одделение во велешка болница.
Дума.мк