Пожар од близина на велешкиот затвор кај село Долно Оризари се шири кон село Војница

Објавено: 16 јуни, 2026, во 14:49 часот
Фото: Архива на Дума.мк

Пожарот претпладнево, околу 09:50 часот, избувнал во близина на Отвореното одделение на Казнено-поправната установа Затвор Идризово – Велес. Огнот првично зафатил трња и сува трева. По пријавата во Територијалната против пожарна единица Велес веднаш започнала интервенцијата на две екипи составени од пожарникари – спасители од Велес. Тие успеале да го локализираат огнот и да го стават под контрола. Но само на краток временски период бидејќи најверојатно од ветерот се активирал повторно и се проширил во правец кон село Војница, велешко, зафаќајки  ниско стеблеста деградирана шума.

Според првичните информации на Дума.мк пожарот во моментов е активен. Мобилизирани биле поголем број на пожарникари, шумарски работници на ЈП „Македонски шуми“ – ШС „Бабуна“, комунални работници на јавно претпријатие на Општина Чашка и од доброволното против пожарно друштво на Општина Чашка, како и граѓани доброволци. Сите тие се на терен и водат битка со пламените јазици.

Подрачната служба на Центар за управување со кризи во Велес ја потврди информацијата. Дума.мк очекува официјални информации.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.