Пожар пеплоса нива со јачмен и стрниште во светиниколско

Објавено на 13 јули, 2023 во 10:28
Фото: Архива на Дума.мк

Во непосредна близина на село Алакинци, општина Свети Николе, вчеравечер околу 21:00 чaсот изби пожар на отворен простор. Огнот зафати површина од околу 10 хектари  јачмен и стрниште, на приватен имот.

Според Републички Центар за управување со кризи на зафатената со оган површина интервенираа тројца пожарникари со едно противпожарно возило на ТППЕ Свети Николе. По двочасовната интервенција пожарот е изгаснат вчеравечер, околу 23: 00 часот.

Дополнително ќе се утврдуваат причините и штетата којашто настаната е по гаснењето на пожарот.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.