Пожар пеплоса нива со јачмен и стрниште во светиниколско
Објавено на 13 јули, 2023 во 10:28
Во непосредна близина на село Алакинци, општина Свети Николе, вчеравечер околу 21:00 чaсот изби пожар на отворен простор. Огнот зафати површина од околу 10 хектари јачмен и стрниште, на приватен имот.
Според Републички Центар за управување со кризи на зафатената со оган површина интервенираа тројца пожарникари со едно противпожарно возило на ТППЕ Свети Николе. По двочасовната интервенција пожарот е изгаснат вчеравечер, околу 23: 00 часот.
Дополнително ќе се утврдуваат причините и штетата којашто настаната е по гаснењето на пожарот.
Убавка Јаневска