Претставата „Аматери“ на Театар Комедија прикажана на Фестивалот „5РЕ“
Објавено: 8 април, 2026, во 09:58 часот
Сатиричната и експлозивна театарска претстава во режија, авторство и музика на Синиша Евтимов, која што ги меша историјата, поп-културата и современиот апсурд во еден хаотичен, магично-забавен свет, вчера вечер, беше прикажана на сцената на Театар „Јордан Х.К Џинот“. Публиката присутна на предпоследната фестивалска вечер на “5РЕ“ имаше можност да проследи актерска игра во претстава која што ги содржеше сцените во кои што беа прикажани од Солунските атентати, преку партизани во „Фортнајт“ универзумот, до пародични реклами за Кавадарци, козметика и хотели со пораката „сè е дозволено и ништо не е свето“.


Преку динамични сцени и ликови што постојано се движат меѓу мит и реалност, „Аматери“ поставува прашања за идентитетот, историјата, смислата на животот и сè останато прикажувајќи револуционери и будали, љубовници и предавници, партизани и инфлуенсери кои од љубов кон идеја или хаос остануваат аматери.

Во претставата играат актерите Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски, Сергеј Димоски, Тони Денковски, Виктор Арсов, Јаков Спасов, Столе Мицов, Илија Илиоски, Жарко Димоски, Жаклина Петровска, Маја Љутков и Елена Кузманов.

Дума.мк ви ги пренесува впечатоците за фестивалот, велешки Театар и публиката на актерката Маја Љутков и на актерите Тони Денковски и Сергеј Димовски .
Убавка Јаневска



