Приведен криминалец од Велес, осуден на 11 години затвор

Објавено на 6 април, 2023 во 11:14

Министерство за внатрешни работи соопшти дека полициски службеници од СВР Велес, вчера во 11:15 часот, го лишеле од слобода триесет и едно годишниот О.Т од Велес. Тој бил осуден на казна затвор од 11 години и 10 месеци за сторени кривични дела по член 215 и член 237 од Кривичниот законик.

-O.T. бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на осум месеци од казната, пишува во дневниот билтен на МВР.

Лицето било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.