Приведен маж во Велес осомничен за предизвикување пожар на градска депонија
Објавено: 19 јули, 2022, во 13:20 часот
Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, го лишеле од слобода дваесет и три годишниот А.М од Скопје, со привремен престој во Велес, поради основано сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
– Односно предизвикување пожар на градската депонија. При преглед кај него биле пронајдени и одземени неколку предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело, соопштија од МВР.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Стефани Манева


