Приведен велешанец којшто го ограби магацинот со храна во детската градинка „Димче Мирчев“ во Велес
Објавено на 24 март, 2022 во 11:45

Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, во текот на вчерашниот ден, го лишеле од слобода триесет и едно годишниот велешанец М.З, којшто се сомничи дека го ограбил магацинот со храна во детската градинка „Димче Мирчев“ во Велес.
– Тој се сомничи дека на 14.03.2022 влегол во градинка на улица „Коле Цветков“ во Велес и од магацинскиот простор одзел повеќе производи. М.З. бил приведен во полициска станица, а одземените производи биле пронајдени кај него и вратени на градинката, пишува во дневниот извештај на Министерство за внатрешни работи.
Оттаму додаваат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Стефани Манева
