Приведен велешанец – се заканувал на татко му и со остар предмет ги оштетил гумите на автомобилот

Објавено: 29 август, 2025, во 10:57 часот

Четириесет годишниот Д.Н од Велес, вчера вечерта, десет минути пред полноќ бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од СВР Велес постапувајќи по пријава од неговиот 64 годишен татко.

Како што пишува во дневниот билтен на СВР Велес, таткото на велешанецот пријавил дека во дворот од семејниот дом, тој му се заканувал, агреснивно се однесувал и кршел предмети а потоа со употреба на остар предмет ги оштетил и гумите на патничко возило „цитроен“ кое било паркирано во дворот.

-Д.Н. бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, објаснуваат од СВР Велес.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.