Приведен велешанец, превезувал мигранти од Сирија
Четириесет и едно годишниот Е.Н од Велес, ноќеска, два часа и дваесет и пет минути по полноќ на регионалниот пат Демир Капија – Неготино бил лишен од слобода. Тој во товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, коешто го управувал, пренесувал 21 мигранти од Сирија. Од Министерство за внатрешни работи соопштија дека велешанецот претходно не застанал на знак за запирање даден од страна на полициски службеници и се обидел да избега.
Набргу, бил запрен на местото викано „Острово“ пред Неготино и од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Михајлово“, Полициската станица Неготино и од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“, бил лишен од слобода и задржан во полициска станица, додека, мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар.
Од Министерство за внатрешни работи додаваат дека по целосно документирање на случајот против велешанецот Е.Н ќе биде поднесена соодветна пријава.
Стефани Манева