Приведен возач во Велес со 2,28 промили алкохол во крвта

Објавено: 25 август, 2025, во 13:45 часот

Рано изутринава, околу 01:50 часот, полициски службеници од СВР Велес привеле 27-годишниот Д.В. од Велес, кој бил фатен како управува патничко возило под дејство на алкохол.

Според информациите од СВР Велес, возилото „БМВ“ со велешки регистарски таблички било запрено при рутинска сообраќајна контрола. По извршената проверка било утврдено дека возачот управувал со возилото со 2,28 промили алкохол во крвта, што е далеку над дозволената граница.

Веднаш по констатирањето на прекршокот, возачот бил исклучен од сообраќај и приведен во полициска станица. За случајот е известен јавен обвинител, а против возачот ќе биде поднесена кривична пријава согласно член 297-а од Кривичниот законик, кој се однесува на „безобѕирно управување со моторно возило“.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.