Приведен жител од Мартолци поради нелегална сеча и превоз на огревно дрво
Објавено: 3 декември, 2025, во 12:28 часот
Четириесет и шест годишниот В.М од село Мартолци, општина Чашка вчера во 17:25 часот бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Полициско одделение Чашка поради нелегална сеча и превоз на огревно дрво.
– Тој бил забележан во атар на село Мартолци како управува трактор „имт“ без регистарски ознаки со приколка натоварена со огревно дрво. Набргу, во неговиот двор во селото констатирано е дека дрвата се без документација, по што дрвата, тракторот и приколката се одземени и предадени на
Шумска полиција Велес, соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Велес, В.М бил приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Убавка Јаневска


