Приведени двајца кавадарчани, кај нив пронајден хероин
Објавено на 20 јануари, 2023 во 11:14
Четириесет и две годишниот А.М од Кавадарци, на три години помладиот О.Б во близина на училиште во Кавадарци му продал хероин. Врз основа на наредба од Основен суд Кавадарци, кај А.М бил извршен и претсед во домот и бил пронајден и одземен хероин.
Полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Кавадарци, вчера, во 16:00 часот ги лишеле од слобода двајцата кавадарчани. Од Сектор за внатрешни работи Велес додаваат дека лицата се приведени во Полициска станица Кавадарци и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.
Стефани Манева