Приведени двајца малолетници и едно полнолетно момче во Демир Капија
Објавено: 15 август, 2025, во 13:25 часот
Полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Неготино, вчера, во 23:30 часот ги привеле осумнаесет годишниот С.Ѓ и еден малолетник од Неготино, како и малолетник од Демир Капија.
-Имено, тие откако ги забележале полициските службеници, фрлиле цигара со зелена растителна
материја, која била пронајдена и одземена. Со малолетниците бил извршен разговор во
присуство на адвокат за малолетници и претставник од Центарот за социјални работи
Неготино, соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
По документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Дума.мк


